Времетраење: 2011–2013 г.

Финансиер: Норвешки совет за истражување

Партнери: Американски Универзитет од Косово (АУК), Друштвото за заштита и зачувување на животната средина во Албанија (ППНЕА), Факултет за ветеринарна медицина од Загреб, Норвешки институт за истражување на природа (НИНА), Координираните истражувачки проекти за зачувување и управување со месојадите во Швајцарија (КОРА) и Центарот за рурални истражувања од Норвешка

Цел на проектот:

Главната цел на овој проект е да даде придонес кон креирање на политиките наменети за намалување на сиромаштијата преку одржлив рурален развој. Преку социолошко истражување во рамките на проектот се собираат податоци за начинот на искористување на растенијата, печурките и шумските плодови во земјите од Западен Балкан како и за нивното значење како дополнителен приход во домаќинствата. Тимот на МЕД ќе се обиде да даде одговор за дел од проблемите и конфликтите коишто настануваат поради недоволно или прекумерно искористување на природните ресурси како и да добие појасна слика во однос на комуникацијата меѓу собирачите, откупувачите и компаниите за обработка и извоз на печурки и други шумски плодови.

Во Македонија во рамки на првата фаза од проектот се спроведоа 309 анкети во планинските села со албанско и македонско население во општините Гостивар, Тетово, Боговиње, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во втората фаза на проектот истражувањето продолжи со спроведување на 12 квалитативни (in-depth) интервјуа во истите општини. Финалните анализи од истражувањата од двете фази ќе бидат претставени во форма на научни трудови.

Лице за контакт: Фросина Пандурска-Драмиќанин pandruska@mes.org.mk

Проектни Активности

Одржан состанок по повод овогодинешните теренски истражувања за проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан

Mакедонското еколошко друштво организираше планирачки состанок по повод овогодинешните теренски истражувања во рамки на проектот за разумно користење на природните ресурси во Западен Балкан од 07 [...]

МЕД – домаќин на три теренски обуки за партнерски организации од Албанија, Косово и Хрватска

Претставници од невладината организација за заштита на животната средина во Албанија PPNEA, од Американскиот Универзитет од Косово AUK, како и од Факултетот за Ветеринарна медицина од Загреб [...]

Заврши квалитативното теренско истражување на проектот за одржливо искористување на природните ресурси во Западен Балкан

Тимот на МЕД спроведе 12 интервјуа (in depth interviews) со одбрани испитаници од селата во мавровскиот и шарпланинскиот регион во рамки на втората фаза на тригодишниот проект „Улогата на [...]

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате