With the realization of the final show and celebration of 22nd April, Earth Day, MES finished with the activities for educating 3-6 year old children from the kindergarten Majski Cvet. This activity, initiated by the teacher Frosina Angelova from the same kindergarten, as well as by the children, signifies a continuation of the collaboration with MES which began in 2009. Thus, according to the planned activities, a series of educative lectures were delivered in the period October 2012 – April 2013. During these lectures the children were introduced to numerous wild animals that live in our country and in other regions, such as the bear, the lynx, the fox and the wolf, different kinds of reptiles, amphibians, birds, fish and insects, their basic characteristics, place and way of life.
Having in mind the attention which MES received during these lectures and the interest showed by the children and by the teachers, MES will continue with educational activities in the future, not only for these animals, but also for other species of animals and plants. The process of raising public awareness for environment conservation is very important and should begin as early as possible.
The promotion of ecology as a branch of science and conservation of the environment are part of the main targets of MES, which in the last few years, through a chain of different activities, are continuously carried out in every stage of education, beginning with 3-6 year old children, students in elementary schools and high schools, as well as college students.
Со реализацијата на завршната приредба и обележувањето на 22 април, Денот на Планетата Земја, МЕД заврши со активностите за едукација на децата од предучилишна возраст од 3-6 години во градинката „Мајски цвет“. Со оваа активност поттикната од наставничката Фросина Ангелова од истоимената градинката но и по желба на децата, МЕД ја продолжи веќе започнатата соработка од 2009 година. Така, согласно зацртаните активности, во периодот октомври 2012 – април 2013 година, беа спроведени низа едукативни предавања, во текот на кои, на интересен и забавен начин беа претставени различни диви животни кои живеат во нашата држава (и пошироко). Беа претставени мечката, рисот, лисицата и волкот, различни претставници влекачи, водоземци, птици, риби и инсекти, нивните основни карактеристики, место и начин на живеење.
Имајќи го предвид вниманието кое МЕД го доби во текот на овие предавања и пројавениот интерес пред сè од децата, но и од наставничкиот кадар, МЕД ќе настојува и во иднина да продолжи со вакви едукативни активности, не само за овие животни туку и за други видови животни и растенија.Подигнувањето на јавната свест за заштита на животната средина и природата е од огромно значење и треба да се гради уште од најмала возраст.
Промовирањето на екологијата како наука и заштитата на животната средина и природата, претставуваат дел од главните цели на МЕД, кои во последните години, преку низа различни активности континуирано се спроведуваат во сите нивоа на образованието почнуваќи од децата од предучилишна возраст, учениците во основните и средните училишта, па вклучително и студентите на факултетите.