На 24 септември 2016 година, на брегот на Преспанското Езеро се одбележа за прв пат Денот на зелениот појас.

Градоначалниците на трите општини кои го делат преспанскиот регион – Општина Ресен (Македонија), Општина Пустец (Албанија) и Општина Преспа (Грција) го отворија настанот кој имаше едукативен и забавен карактер.

Месното население од трите страни на Преспанското Езеро имаше можност да научи нешто повеќе за зелениот појас како и да ужива во традиционалната храна, музика и танци од регионот. Во склоп на настанот беше поставена и изложба на фотографии од Балканскиот зелен појас, а се одржа и велосипедска тура низ НП Галичица.

Настанот беше организиран од ПреспаНет – мрежата на три невладини организации од областа на животната средина – Македонското еколошко друштво, Друштвото за заштита на Преспа (SPP) и Друштвото за заштита и зачувување на природните вредности на Албанија (PPNEA).

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате