Македонското еколошко друштво реализираше уште една сезона на мониторинг за определување на гнездовиот успех во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“. После пет и пол месеци интензивен мониторинг резултатите пристигнаа и можеме да кажеме дека популацијата оваа година остана стабилна. Годинава успеавме да изброиме 14 активни територии на египетски мршојадци од кои 13 се со парови и една територија со поединечна птица. Успешните парови продуцираа 11 пролетани млади.

МЕД е особено благодарен на сите волонтери кои беа активно вклучени во мониторингот на египетските мршојадци и со тоа значително ни помогнаа кон поефикасно исполнување на активностите. Резултатите од мониторингот во нашите соседни држави може да ги погледнете на следниов линк.

Веќе сите египетски мршојадци се вратија во пределите каде што презимуваат во централна Африка а дел од тимот на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ ја пратеа нивната миграција низ Турција.

 

LIFE16 NAT/BG/000874

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате