Времетраење: јануари 2015 – декември 2016

Финансиер: Германска федерална фондација за животна средина (DBU)

Партнер: Програмската канцеларија на IUCN за Јужно-источна Европа и Еуронатур од Германија се главни имплементатори на проектот. Во секоја од деветте земји долж Балканскиот зелен појас, вклучени се партнерски НВО за спроведување на дел од активностите предвидени со проектот: МЕД од Македонија, PPNEA од Албанија, Зелени балкани од Бугарија, SPP од Грција, ERA од Косово, CZIP од Црна Гора, BPSSS од Србија, DAYKO од Турција и Асоцијација на истражувачи спелеолози од Романија

Цел на проектот: Заштита на прекуграничната еколошка мрежа на границите на Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, Турција и Романија, преку подобрување на соработката долж Балканскиот зелен појас.

Лице за контакт: Даниела Заец zaec@mes.org.mk

Новости од МЕД

Светскиот ден на птици преселници во земјата на египетските мршојадци

На 12 мај (недела), Македонското еколошко друштво (МЕД) заедно со Истражувачкото друштво на студенти биолози го одбележи Светскиот ден на птици преселници во рамки на проектот „Нова надеж за [...]

Дивата страна на Преспа – растенија

Серијата предавања насловени како „Дивата страна на Преспа“ продолжија со презентација за растенијата. Канцеларијата на МЕД во Ресен на 4 април повторно беше исполнета со група средношколци од [...]

Работилници за процесот поврзан со отстранувањето на депонираниот линдан во фабриката Охис во Скопје

На 22 и 28 март  во Скопје се одржаа две работилници за подигнување на јавната свест за значењето и важноста на отстранувањето на линданот од малата депонија во фабриката ОХИС во организација на [...]

Од
Постирано на

Карстни истражувања во Македонија – предизвик и потреба

На 19 март 2019 година на Природно-математички факултет – Скопје, Секцијата за геодиверзитет организираше работилница „Истражувања на карст – предизвик или потреба“. Беа изведени шест предавања [...]

Едукативниот пакет за птици достапен и за воспитувачите од детските градинки од Општина Гевгелија

Македонското еколошко друштво (МЕД) продолжи со обуки по завршениот проект „Природата овозможува подобар живот“ што го спроведуваше во соработка со пет еколошки невладини организации од Европа, а [...]

Дивата страна на Преспа – почна серија на настани

Канцеларијата на МЕД во Преспа организира серија предавања насловени како „Дивата страна на Преспа“. Целта на кусите презентации е да се запознаат заинтересираните (особено локалното население и [...]

Обележан уште еден рис мажјак во Националниот парк „Маврово“

Во Националниот парк „Маврово“ обележавме уште еден рис со ГПС околувратник за следење на неговото движење. Заедно со вработени во Националниот парк „Маврово“ го обележавме рисот на 27 февруари и [...]

Од
Постирано на

Ранопролетни изненадувања од долниот тек на Вардар

Во рамки на тековните истражувања за проектот „Лет над штрково гнездо“ во значајното подрачје за птици Долен тек на реката Вардар, минатата недела откривме два интересни наоди. Првото [...]

Заловен досега најкрупниот балкански рис во Националниот парк „Маврово“

Уште еден балкански рис беше заловен викендов близу селото Сенце во НП „Маврово“, шести по ред откога започнаа истражувањата со методот на радиотелеметрија и GPS-следење на обележаните единки од [...]

Светскиот ден на водните живеалишта – Преспа во фокус

Светски ден на водните живеалишта го одбележавме на четврти 4 февруари во Ресен заедно со Општина Ресен. Оваа година органзириравме едукативни активности за најмладите преку кои тие се запознаа [...]

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате