Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во  соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД)Јавното претпријатие „Национални Шуми“ и општините во идното заштитено подрачје започнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел.

Logo osogovoСо цел, засегнатата јавност да биде добро информирана и запознаена што претставува „заштитено подрачје“, кои се придобивките, вклучувајќи ги и економските аспекти и зошто Осогово заслужува и треба да се заштити, ја започнуваме оваа кампања која ќе се спроведува во следните четири недели. Кампањата ќе опфати промоција на кратки видеа и фото-тестемонијали од Осоговскиот регион, постови на социјалните мрежи со важни информации за идното заштитено подрачје, за природните вредности, биодиверзитетот и специфичните интеракции на природата и човекот, за туризамот, планинарството, специфичната култура и традиција, како и за придобивките од заштитата на подрачјето.

МЖСПП, МЕД и ЈП „Национални Шуми“ ги повикуваат општините во регионот, невладините организации, медиумите, локалните бизнисии и сите вљубеници во природата да ја поддржат оваа кампањата преку споделување на содржините на своите веб страници и на социјалните медиуми и со тоа да придонесат за помасовно споделување на информациите за идното заштитено подрачје и успешното завршување на процесот.

поглед кон долина на Модра Река - локалитет МртвицаВо следниот период МЖСПП во соработка со општините ќе организира и четири јавни расправи во Осоговскиот регион за запознавање на засегнатите страни со Нацрт-Одлуката за прогласување на дел од Осоговски Планина и за заштитено подрачје во категорија – заштитен предел. Истата е изработена врз основа на Студијата за валоризација на природните вредности на Осоговските Планини  заштитен предел и Анексот на Студија .

Јавните расправи се дел од активностите за вклучување на јавноста во процесот на изработка на конечниот Акт кој ќе биде доставен до Владата на Република Северна Македонија на усвојување. Термините за одржување на јавните расправи се достапни на веб страницата на МЖСПП. Идното заштитено подрачје Осоговски Планини опфаќа делови од општините: Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Чешиново Облешево, Кочани, и Македонска Каменица.

Оваа кампања е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.

Слоган на Кампањата: Осогово какво што сакаме да биде: чисто, зелено и развиено!

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате