Македонското еколошко друштво (МЕД) во соработка со Фармахем, Министерството за животна средина и просторно планирање и Центарот за развој на источен плански регион во април и јуни 2019 организираа три работилници за чинителите во Скопје, Штип и Пехчево во рамки на кампањата за запознавање на сите чинители со европската еколошка мрежа Натура 2000 и бенефитите од Натура 2000 процесот.

 

На работилниците земаа учество претставници од општините во регионот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП Национални шуми, Шумска полиција, JП за Стопанисување со пасишта, Природно-математички факултет од Скопје, Шумарски факултет од Скопје, како и невладините организации од источниот плански регион.

 

Во наскока на приближување на принципите и начинот на функционирање на европската еколошка мрежа Натура 2000, на работилниците беа разработени теми за тоа што е Натура 2000,  Натура 2000 и земјоделството и Натура 2000 и шумарството.

 

Презентациите беа одржани од страна на еминентни предавачи од Хрватска и Словенија преку сведоштва и примери за предизвиците и бенефитите од овој процес во нивните матични земји.

 

Оваа активност е дел од “Програмата за зачувување на природата (ПЗП) во Македонија – фаза 2”, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате