Connection Information

To perform the requested action, WordPress needs to access your web server. Please enter your FTP credentials to proceed. If you do not remember your credentials, you should contact your web host.

Connection Type

Според најновото истражување, многу европски земји не се придржуваат до меѓународните договори кога станува збор за справување со хибридизацијата помеѓу волкот и кучето, која зема замав во Европа.

 

Биолошки гледано, волкот и кучето се еден ист вид, па при нарушени еколошки услови овие животни можат да се спарат и да продуцираат фертилно хибридно потомство. „При зголемени интензитет и зачестеност, хибридизацијата може да го доведе во прашање генетскиот идентитет на популацијата на волкот, а со тоа да влијае на нивното однесување, екологијата и нивната конзервациска вредност“, вели професорот Паоло Киучи од универзитетот „Сапиенца“ во Рим.

Благодарение на постојаните конзервациски напори, како законска заштита и управување со живеалиштата (но не и реинтродукција), волците во последните децении постепено го прошируваат својот ареал низ Европа. Така, оваа експанзија „сѐ повеќе ги доведува волците во предели каде се одгледуваат земјоделски култури, при што расте можноста за средба со кучиња, а со тоа и за хибридизација. Криволовот и ловството исто така ја нарушуваат социјалната структура на глутниците волци, со што се овозможуваат зачестени блиски средби помеѓу волците и кучињата“, вели Киучи.

Ова социјално истражување кое е водено од д-р Валерија Салватори од Институтот за апликативна екологија од Рим, вклучува претставници од Европската иницијатива за крупни месојади (www.lcie.org), група која е дел од Комисијата за опстанок на видовите при Меѓународната унија за зачувување на природата. „Целта беше да се истражи присуството на хибриди помеѓу волк и куче низ целиот континент, и да се процени во која мера националните влади постапуваат во согласност со двата најважни инструменти за заштита на природата од европското законодавство: Бернската конвенција и Директивата за живеалишта на ЕУ.

„Според нашите наоди, хибридизација помеѓу волк и куче е утврдена во многу држави, од Португалија до Романија, од Норвешка до Грција, иако во различни размери кај различни популации“ додаде Салватори.

Истражувањето открива дека повеќето европски држави каде има стабилни популации на волк немаат национално законодавство за ефективно и навремено справување со хибридизацијата, па обично не спроведуваат мерки за ублажување на последиците, бидејќи нема меѓународни договори и стандарди што ја дефинираат хибридизацијата и што упатуваат на општествено прифатлив начин за справување со неа. Во меѓувреме, хибриди се утврдени кај сите популации на волк низ Европа, а експертите стравуваат дека овој проблем зема замав. Сепак, досега се забележани релативно малку хибридни единки, а д-р Салватори нагласува дека „сѐ уште постои можност ефикасно да се справиме со овој проблем доколку делуваме брзо на ниво на целиот континент“.

Повеќето држави во моментов се потпираат на генетски тестови за детектирање на хибриди, кои се пообемни и поверодостојни за разлика од споредбата на физичкиот изглед, која е склона на субјективност. Како и да е, процедурата и алатките кои се користат за генетските анализи доста варираат помеѓу различни лаборатории во Европа, а со тоа нема стандардизиран пристап за целосна споредба на резултатите.

На тој начин се поткопува можноста за навремена анализа и прецизна процена на влијанието на хибридизацијата во Европа, а во прашање се доведува и самата имплементација на ефективни мерки за ублажување на последиците.

„Во моментов едни исти единки може да се третираат и како генетски чисти волци или како хибриди, зависно од тоа во која лабораторија се испитани. Бидејќи волците не знаат за граници, а со тоа и често ги преминуваат, стандардизацијата на процедури за тестирање низ сите лаборатории во Европа е од исклучителна важност за да се промовираат ефикасни мерки за управување“, истакнува Салватори.

„Уште еден проблем е и тоа дека хибридите можат повторно да се парат со единки на волци, па така идните генерации повеќе да наликуваат на волци, а помалку на кучиња. Тоа ни остава простор да направиме произволна одлука кога некои повратно вкрстени единки нема да ги сметаме за хибриди, туку за волци. Во моментов немаме научен консензус за дефиниција за хибриди иако итно е потребна за да им се овозможи на сите држави да работат кон исти цели за управување“ додава Киучи. 

Истражувањето, кое произлегува од заедничка соработка на 37 експерти од 34 различни академски и научни институции и управувачки тела во Европа, нуди подобрени технички критериуми за една таква дефиниција, со надеж дека „оваа иницијатива ќе ја поттикне имплементацијата на систематскиот мониторинг заради проценка на ефективноста на политиките за ублажување со цел да се справиме со хибридизацијата помеѓу волк и куче во Европа“ заклучува Киучи.

Потребно е во европските и националните закони итно да се вметнат јасни и практични насоки за справување со хибриди на волк и куче и со бездомни кучиња, како и насоки за соодветна превенција, следејќи пристапи за управување за кои е утврдено дека се ефикасни во третирањето на слични прашања поврзани со хибридизацијата помеѓу диви каниди во Северна Америка. Но, најважно е законодавците и функционерите да не започнат хибридите на волк и куче да ги сметаат за незаштитен дивеч. Со ова би се создал правен вакуум, со што лица што се противат на волкот може намерно да стрелаат чистокрвен волк тврдејќи дека се работи за хибрид“, додава д-р Салватори„.

Справувањето со хибриди на волк и куче претставува сложено и често дебатирано прашање на кое некои автори од новото истражување се осврнуваат и во претходни трудови објавени во Frontiers in Ecology and Evolution (Donfrancesco et al. 2019).

Истражувањето е достапно за симнување на следниов линк (бесплатно во следните 50 дена / крајот на јули/).

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате