Публикуван во 1999 година и со над 450 цитати на познатата Web of Science, Европскиот атлас на цицачи стана една од најкористените книги за цицачи во Европа. Во 2015 година се јави потреба од ново издание, што се должеше на зголемениот фонд на знаење за цицачите на европско ниво поради големиот број истражувања во областа, а и на тоа дека во новото издание би се вклучиле истражувањата од европскиот дел на Русија. Предвидено е новото издание да излезе во 2024 година, по точно 25 години од првото. Македонското еколошко друштво е партнер на овој проект и учествува како главен соработник за прибирање податоци од Македонија.

Повеќе информации може да добиете на следниот линк:

The 2nd European Mammal Atlas

Start typing and press Enter to search