The second workshop in the framework of the project Development of the Representative Network of Protected Areas in the Republic of Macedonia took place on 18th November 2010 in the hotel Aleksandar Palace in Skopje, as part of the project by UNDP and GEF for Strengthening the EcologicalInstitutional and Financial Sustainability of Macedonia’s Protected Area System.

Around 60 participants from numerous governmental institutions, agencies, scientific institutions, local self governments and NGOs took part in the workshop. The aim of the workshop was to present the activities carried out so far, concerning the realization of this project activity, that is, the production of different maps with internationally declared regions (important bird areas, plants and butterflies, areas included in the Ramsar and UNESCO list, the Emerald areas, as well the regions with virgin forests) which will serve for the creation of the representative network for protected areas.

Prof. Dr. Ljupco Melovski from the Faculty of Natural Sciences, Biology Institute, presented analysis of the protected areas and areas suggested for protection according to the Physical plan (Study for Natural Inheritance), the fulfilled activities during the project and the recommendations by experts supported by cartographic projection. According to the analysis, at the moment the network encompasses around 17% of the territory of Macedonia, and what is expected is an increase of the percent after the identification of the ecologically important areas.

Besides this, during the workshop, Prof. Dr.Blagoja Markoski from the Faculty of Natural Sciences, the Biology Institute, presented information concerning the transformation of the land in NP Galichica.

The final version of the map with the representative network of protected areas is expected to be completed by the end of January 2011.

На 18 ноември 2010 година, во хотелот „Александар Палас” во Скопје се одржа втората работилница во рамките на проектната активност „Развој на репрезентативна мрежа на заштитени подрачја во Република Македонија“ како дел од проектот на УНДП и ГЕФ за „Зајакнување на еколошката, институционалната и финансиската одржливост на системот на заштитени подрачја во Македонија“.

Околу 60 учесници од повеќе владини институции, агенции, научни институции, локални самоуправи и невладини организации присуствуваа на работилницата.Целта на работилницата беше да се презентираат досегашните активности поврзани со реализација на оваа проектна активност,односно изработката на различните леери со меѓународно прогласени подрачја (значајни подрачја за птици, растенија и пеперутки, подрачја вклучени на Рамсарската и УНЕСКО листата, Емералд подрачја, како и подрачја со девствени шуми) кои ќе послужат за креирање на репрезентативната мрежа на заштитени подрачја.

Проф. д-р Љупчо Меловски од ПМФ, Институт за биологија, презентираше анализа на заштитените подрачја и подрачјата предложени за заштита според Просторниот план (Студија за природно наследство), реализираните активности во текот на проектот и препораките на експертите поткрепена со картографски приказ. Според направените анализи, во моментов мрежата покрива околу 17% од територијата на Македонија, а се очекува зголемување на тој процент по идентификацијата на еколошки значајните подрачја.

Освен тоа, на работилницата беа презентирани и информации кои се однесуваат на трансформација на земјиштето во НП Галичица, од страна на проф. д-р Благоја Маркоски од ПМФ, Институт за географија.

Финалната верзија од картата со репрезентативната мрежа на заштитени подрачја се очекува да биде готова до крајот на јануари 2011 година.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате