Струговско Езеро

Научно-истражувачката работа сама по себе носи возбудливи и интересни аспекти, како од теренските активности така и од лабораторискиот дел. Теренските истражувања на Демирихисарскиот регион покажа дека оваа област изобилува со различни типови водни живеалишта на кои треба да се посвети посебно внимание за нивна заштита, зачувување и што е можно подобро презентирање на истите пред населението. Исклучителното богатството на овој регион со водни живеалишта допринесе за колекционирње на вкупно 87 примероци, при што истите се заведени и депонирани во Македонската Национална Колекција на Дијатомеи (МНКД) на Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Од досега прегледаните препарати утврден е поголем диверзитет во акумулациите Суводолско Езеро и Струговско Езеро. Струговското Езеро се карактеризира со богата дијатомејска флора во која доминираат главно олиготрофни видови. Еден од видовите, Eunotia cisalpina досега не беше регистриран во флората на РСМ. Покрај овој вид утврдени се и два засега неидинтификувани видови од родот Neidium и два вида од родот Pinnularia.

Базерничка река

Исто така во акумулацијата Суводолско Езеро евидентирани се неколку интересни видови од различни родови (можеби најинтересен е видот од родот Asterionella) за кој што се потребни дополнителни микроскопски анализи со примена на висока таксономска резолуција (Скенинг Електронски Микроскоп) и која би требало да покаже дека најверојатно станува збор за нов вид во науката. Ова е дополнителен показател за важноста за зачувувањето на биодиверзитетот во водните живеалишта од овој регион.

Start typing and press Enter to search