Дали сте слушнале за балканскиот мрморец? 

Triturus karelinii
by: B. Naumov

Балканскиот мрморец (Triturus karelinii) живее во барички во планински шумски живеалишта (широколисни и зимзелени) и нивната околина, шумски степи, па дури и вистински планински степски подрачја. Активен е од средината на март до почетокот на октомври. Почнува со репродукција кон крајот на пролетта или почетокот на летото. Размножувањето се одвива во базени од потоци кои бавно течат, езерца и понекогаш во канали за одводнување. Женките положуваат приближно 100–250 јајца, индивидуално завиткани во водна вегетација.

Уништувањето на шумите и загадувањето на водните живеалишта со хемикалии кои се користат во

земјоделството се главните закани за овој вид. Климатските промени можат да предизвикаат промени во површината на населеност, особено кога сушите влијаат врз водните тела (барички и езерца) кои се негови репродуктивни центри. Овој вид е оценет како загрозен (EN) во нашата земја. Повеќе за овој вид – тука.

 

 

Црвената листа на загрозени видови на Македонија

Црвената листа на загрозени видови на Mеѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) е најширокиот светски извор на информации за глобалниот статус на животински, габични и растителни видови и на податоци за нивното зачувување и опстанок. Целта на оваа алатка е да помогне при насочувањето на акцијата за зачувување на биолошката разновидност и тоа преку обезбедување на информации и анализи за светските видови, вклучувајќи ги и заканите, состојбата со популацијата и трендовите. 

Оваа листа е референтна за нивото на загрозеност на видовите на глобално ниво. Процените на ризикот од исчезнување се засноваат на детални податоци за распространувањето на видовите, ареалот на распространување, големината на популацијата, живеалиштата и екологијата, користењето и/или трговијата, заканите и мерките за зачувување. Во суштина, црвените листи се основа за зачувување на видовите преку детални познавања на биолошките и еколошките параметри кои потоа се споредуваат со конкретни имплементирани мерки и постоечки закони. Од друга страна црвените листи преставуваат и директен показател за тоа во каква состојба е природното наследство поврзано со животинските и растителните видови на национално, регионално и глобално ниво. Повеќе за листата ќе најдете тука.

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате