Во рамките на проектот “Развој на национална еколошка мрежа во Република Македонија (МАК-НЕН)”, во периодот 19-20 април 2011 година, ќе се одржи третата (последна) работилница за еколошки мрежи. Целта на оваа работилница е да се презентираат финалните резултати во рамките на проектот: изработената Студијата за кафевата мечка, картата на националната еколошка мрежа МАК-НЕН, направената анализа за влијанието на различните сектори во имплементацијата на еколошката мрежа, како и да се презентира и дискутира нацрт акциониот план за заштита на коридорите за мечката.

На работилницата ќе присуствуваат претставници од Европскиот центар за заштита на природата од Холандија (ECNC) и претставници од сите засегнати страни: министерства, научни институции, управи на национални паркови и други заштитени подрачја, релевантните сектори (земјоделство, шумарство, транспорт итн.), општини и др.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате