Во рамките на Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (Swiss Agency for Development and Cooperation-SDC), како дел од активностите за остварување на една од целите на Програмата за воспоставување на заштитени подрачја во сливот на река Брегалница, односно воспоставување на заштитено подрачје „Осоговски Планини“, Македонско еколошко друштво (МЕД), партнер на Програмата и одговорен за спроведување на активностите за постигнување на оваа цел, организираше студиско патување во подрачјето на Стара Планина (близина на Пирот) во периодот 20-22 јуни 2019 година, како модел заштитеното подрачје со кое управува Јавното претпијатие „Србијашуме“.

На патувањето учество земаа клучните чинители кои делуваат во и од предлог подрачјето за заштита на „Осоговски Планини“ и тоа: Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“ (седиште во Скопје и подрачните единици од Осогово) и Центарот за развој на Источен Плански Регион.

Целта на патувањето беше да се разменат искуства околу: начинот на управување со ЗП, потребни ресурси, мерките и активности за управување во различните зони, активности за развој (различни форми туризам и соработка со засегнати страни, ски туризам, мали хидролелектрани и сл.).

Start typing and press Enter to search