Од 21 до 25 октомври 2019 година Македонско еколошко друштво заедно со локални невладини организации од Шар Планина, претставници на локално население и други јавни институции учествуваше на студиска посета во биосферниот резерват Рон, во покраината Хесен во Германија.

Целта на посетата беше да се посетат добри пракси во заштитеното подрачје и тоа од аспект на сточарство, туризам и заштита на природа. Посетени беа сточари, пчелари, администрацијата на заштитеното подрачје и дирекцијата за шуми, а направени беа и повеќе прошетки во строго заштитените зони на биосферниот резерват.

Учесниците од Шар Планина и Кораб-Коритник регионот имаа можност да разговараат со голем број на луѓе од биосферниот резерват и увидат дали дел од тие пракси може да се спроведат и кај нас.

Студиската посета е дел од проектот анализа на заканите и развивање на заеднички решенија преку развивање на капацитети долж Шар Планина-Кораб- Коритник регионот, спроведуван од Еуронатур а во соработка со Македонско еколошко друштво, ППНЕА, Албанија и Финч од Косоово.

Start typing and press Enter to search