Во Едукативниот центар за зачувување на природата во с. Негрево, Пехчево на 9 и 12 октомври Македонско еколошко друштво во соработка со Едукативниот центар организираше работилница за спроведување на симулацијата ComMod со ученици од ОСУ „Ацо Русковски“ од Берово и ОСУ „Љупчо Сантов“ од Кочани.

Целта на иновативниот пристап Companion Modelling е преку користење на симулација младите од таргет регионите, како идни заинтересирани страни, да се запознаат со термините заштитено подрачје и управување со заштитени подрачја како и со предизвиците и предностите од воспоставувањето на заштитени подрачја.

На работилниците учествуваа вкупно 30 ученици и десетина професори од двете училишта. Овој пристап се покажа особено корисен за подобро разбирање на терминот заштитено подрачје како  и за запознавање со придобивките од идно заштитено подрачје. Оваа активнотст се организирана во рамки на процесот за воспоставување на нови заштитени подрачја „Осогово“ и „Ченгино Кале“ во брегалничкиот регион,  кој се води во рамките на Програмата за зачувување на природата во Македонија – фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој на соработка.

Работилниците се поддржани од Швајцарската организација Хелветас.

 

 

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате