Од 12-15 јуни 2019 Општината Чешиново-Облешево  беше домаќин на 16-тата средба на мрежата на европски села на штркови. Скоро педесетина претставници од оваа европска мрежа ги посетија белите штркови во општината кои имаат добар живот благодарејќи на плодните оризови полиња. Општината беше прогласена за Европско село а штркови од фондацијата Еуронатур од Германија во 2013 година.

Темата на овогодинешната средба е усмртувањето на белите штркови од струен удар (електрокуција) – значајна закана за овие прекрасни птици. Експертите за заштита на белиот штрк  од бројните европски села на штркови ги споделија своите искуства од терен, а експертите кои го истражуваат конфликтот штркови и електрокуција ги споделија своето знаење и практични искуства.

Според искуствата, овој конфликт сѐ уште постои, иако поголемиот број на штркови гнезда се изградени на платформи на далекуводните столбови. Во таквите случаи, кога штрковите носат нов материјал за гнездото, голема опасност претставуваат гранките кои стрчат зголемувајќи го ризикот од електрокуција.

Титулата Европско село на штркот е од големо значење за жителите на општината Чешиново-Облешево, што беше видливо преку манифестацијата „Ден на штркот“ која се одбележува секоја година во селото Чешиново. Најмладите претставници на општината приредија серија музички и танцови настапи во име на штркот, нивниот омилен пердувест сосед.

Start typing and press Enter to search