Годинава, во периодот 15 март – 13 мај 2015, МЕД во соработка со националниот парк „Маврово‘‘ го спроведе 4то систематско истражување со фото замки на територијата на паркот. Главна цел на истражувањето беше да се процени бројот и густината на популацијата на балкански рис во НП Маврово, како и да се види трендот на популацијата преку споредба со резултатите од претходните 3 истражувања. Вкупно беа поставени 60 фото замки на 30 различни локации. Фото замките беа проверувани на секои 10 дена, за утврдување на нивната исправност, проверка на слики, промена на батерии итн.

Вкупно беа сликани 37 фотографии на балкански рис од 11 различни локации во паркот. Планирано е проценката на бројноста и густината на популацијата да се направи до крајот на јуни 2015 година. Освен од балкански рис, добиени се и бројни фотографии од другиот дивеч присутен во паркот.

За време на истражувањето, тимот од МЕД имаше голема помош од вработените во националниот парк Маврово при одбирањето на локациите, поставувањето и проверката на фото замките.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате