Со повеќе од 70 000 опишани видови, краткокрилците (Coleoptera: Staphylinidae) несомнено ја претставуваат најголемата фамилија во царството на животните. Повеќето краткокрилци се предатори на инсекти и други без’рбетници и живеат во шумската простирка (и слични растителни растенија што се во фаза на деградација). Тие исто така се наоѓаат под камења, како и  на бреговите  на слатководните води. Целта на овој проект е да дополнат и добијат повеќе информации за разновидноста и дистрибуцијата на краткокрилците на Шар Планина. Шар Планина е дом на многу ендемични видови на краткокрилци. Првите истражувања поврзани со краткокрилците на Шара датираат уште од почетокот на 20-иот век. Несомнено, нашите истражувања ќе  придонесат за откривање на нови видови за фауната на Шара, како и нови видови за науката. 

Во досегашниот период беа изведени 4 теренски активности во областа на локалитетот “Попова Шапка” (3), како и локалитетот “Беловишки водопади”(1). На локалитетот Попова Шапка беа истражувани шест различни хабитати (пасиште, ливада, камењар на варовничка подлога, тресетиште, смрчова шума и букова шума). На локалитетот “Беловишки водопад” беа истражувани добро сочуваните букови шуми. Колекционираните материјали беа пречистени и етикетирани и за нив предстои лабораториската работа.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате