На 25 февруари во Домот на културата во Богданци беше одржана информативна средба за пошироката јавност во општината Богданци за значењето и важноста од зачувувањето на растението меурест козинец Astragalus physocalyx кое се сретнува само во околината на Богданци. Оваа средба беше дел од проектот „Зачувување на ендемичните растенија во Македонија“, кој го спроведува МЕД со финансиска поддршка на Critical Ecosystem Partnership Fund (CEPF). Средбата ја организираше локалниот партнер на МЕД, здружението ПОЛИМАТ 13 од Богданци.

На оваа средба беа присутни претставници на општина Богданци, претставници од бизнис секторот, професори и ученици од општинските училишта, студенти на Истражувачко друштво на студенти биолози и заинтересирани граѓани.

Во текот на средбата сите чинители имаа можност да споделат предлози и идеи за следните активности за промоција и чекори за зачувување на растението и подрачјето како значајна вредност на заедницата за нејзин развој и напредок.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате