Дводневна работилница за обука за мониторинг на крупни ѕверови беше одржана во Преспа, Грција на 2 и 3 февруари, 2016 година. Работилницата беше организирана од тимот на МЕД кој работи на заштита и проучување на рисот, заедно со ППНЕА од Албанија и Калисто од Грција. Обуката беше иницијатива на СПП, на истата присуствуваа 40 учесници – вработени во СПП и ренџери. Покрај обуката за мониторинг на рисот и неговите жртви, беа спроведени и теренски активности и поставени неколку камери.

Start typing and press Enter to search