Connection Information

To perform the requested action, WordPress needs to access your web server. Please enter your FTP credentials to proceed. If you do not remember your credentials, you should contact your web host.

Connection Type

Тоа е едно од првите пролетни цвеќиња кои носат синило на кафеавата шумска покривка. 

Народното име ѝ е џигерница, јетренка, џигеров лист, хепатика, и таа е член на фамилијата лутичиња или Ranunculaceae. Името го добива поради кожестите пурпурно-кафеави базални листови, кои потсетуваат на обликот на црниот дроб.

Како и повеќето пролетници, така и ова растение сезоната ја започнува со цветање. Тое е повеќегодишно растение со височина 5–15 см.

Цветовите се впечатливо сини, виолетови, розови или бели, и се појавуваат во периодот април–мај, но понекогаш и порано, доколку температурите не се премногу ниски. Како и кај повеќето цветни растенија, сино обоените ливчиња привлекуваат опрашувачи, како осамени пчели или муви, но семето го расејуваат мравките. Расејувањето е особено интересно, бидејќи семето е богато со хранливи материи богати со масти, кои се многу привлечни за мравките. Затоа мравките ги носат семките до нивните мравјалници за да ги нахранат сопствените ларви. Потоа мравките ги складираат (неоштетените) семиња во отпадното подрачје на мравјалникот: идеална локација каде семето во поволни услови (влага и температура) може да изрти. На овој начин и мравките и хепатиката имаат огромна корист од овој извонреден заемен однос помеѓу цвеќето и инсектот. 

Листовите презимуваат, а по завршувањето на фазата на цветање се развиваат нови. Напролет тие се светлозелени, но во текот на сезоната бојата ја менуваат во потемна зелена, па во виолетова, до црвеникаво-кафеава или боја на вино, и зиме често може да се забележат над снежната покривка. Листот се развива на влакнеста лисна дршка, а самата лисна површина која исто така се нарекува „ламина“ е месеста, без влакна и со големина од 7–9 см. Таа е триделна со карактеристична триаглеста форма што наликува на срце. Од горната страна е темнозелена, а од долната е виолетова. Коренот е во форма на ризом, кус, хоризонтален или кос, со темнокафеава боја. Листовите и цветовите излегуваат директно од ризомот, а не од стеблото над земјата. 

Живее во млади широколисни шуми и тоа најчесто во букови шуми, чистини и ливади на длабока почва, богата со распаднати органски материи, особено во планините на континентална Европа, Северна Америка и Јапонија. Кај нас не се среќава многу често, но го има на падините на планината Кораб, планината Рудока, Осоговски Планини, Сува Планина.

Како и останатите претставници на фамилијата, и ова растение содржи токсична материја протоанемонин, која со сушење ја губи токсичноста. Поради формата на листовите, уште од древни времиња се верувало дека ова растение лекува заболувања на црниот дроб, но и денес сè уште се користи во алтернативната медицина во третмани за лекување мозолчиња, бронхитис и гихт.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате