“Желбата за преселба на птиците е генетски вроден нагон, како што е и генетски вродениот нагон за размножувањето во пролет, на ова не е имуно ниту потомството на птиците преселници,’.

 Henry Seebohm (1888)

Сите сме запознаени со пролетната преселба на птиците кога нашите градови и села се полнат со штркови, ластовички и славејчиња. Знаеме и дека истите овие птици си заминуваат на есен. Овие сезонски движења во двата правци поинаку се нарекуваат годишна преселба. Ова движење се одвива секоја година, во сите места на светот.

За да ја разбереме миграцијата како процес важно е да се напомене дека таа се должи на промените на климата со што условите во животната средина за сите живи организми се менуваат под постојано влијание на два геофизички циклуси. Тоа се дневните и годишните периоди. Овие циклуси се предизвикани од движењето на земјината топка околу нејзината оска и предизвикуваат промени на климата при што животните мораат да се навикнат за да преживеат и да осигураат потомство за нивниот вид. Накратко процесот на миграција кај птиците е вродена техника за преживување од променливите временски услови. Но овој процес не е присутен само кај птиците, туку и кај други организми како што се бактериите, алгите, планктоните, рибите и други видови на животни сè до крупните цицачи.

Освен долгите миграции постојат и таканаречени кратки миграции или дневни миграции во потрага по храна. Ваков миграциски процес се вертикалните движења, карактеристични за некои шумски видови птици кои мигрираат во долините во потрага по храна или при многу ниски температури во зима. На планините овој вид на однесување на миграција е прикажан од жолтоклуната галица (Pyrrhocorax graculus). Овој вид на птици можат да патуваат на височина од 500м и 2000м за да пронајдат храна.

Миграциски рути на птиците преселници

 

 

 

 

 

 

 

 

Штркот, ги изведува неговите млади на отворени места. Тоа што на сите им е познато, е дека штркот гради гнезда најчесто на високи платформи, во Македонија тоа најчесто е на електро столбови или на кровови од куќи. Исто така како и сите други птици, штрковите можат да направат гнездо и на дрвјата. Тоа гнездо што ќе биде изградено, не е само за една сезона, туку за повеќе години каде што мажјакот доаѓа и го избира гнездото каде што со неговата партнерка ќе ги одгледаат младите. Во случај во гнездото да умрат младите, или пак родителите да не се успешни во парењето, тогаш избираат друго гнездо. Белите штркови мигрираат од Европа во Август и Септември, и се движат кон Африка.

Штрковите зимското време го поминуваат во саваните на Кенија, Уганда како и Јужна Африка. Штрковите на тие места живеат колективно во групи со повеќе од илјада штркови од цела Европа. Нивното враќање во Европа е во февруари и март. По изведувањето на младите птици во родното место, повеќето птици преселници покажуваат склоност за враќање во истото гнездо или во истиот регион.

Доказ дека штрковите се моногамни и секогаш се враќаат на старото гнездо е и примерот со љубовна приказна за штрковите Стјепан и Малена од Хрватска:

Извори за податоци:

  1. Elphick, Jonathan. The Atlas of Bird Migration: Tracing the Great Journeys of the World’s Birds. Firefly Books, 2011.
  2. Oram, Liz, and Robin Baker. Bird Migration. Steck-Vaughn, 1992.

Автор:

Владимир Трајановиќ, студент по зоологија на Универзитетот во Велс во Обединетото Кралство

 

Start typing and press Enter to search