Времетраење: 2006 – 2018

Финансиер: MАВА Фондација, Швајцарија

Партнери: ППНЕА – Албанија; ЦЗИП – Црна Гора; ЕРА – Косово; Финч – Косово; ЕуроНатур – Германија; КОРА – Швајцарија

Цел на програмата: Програмата за закрепнување на балканскиот рис повеќе од десет години во континуитет работи на заштита на критично загрозениот балкански рис. Активностите се главно насочени кон: лобирање за прогласување на нови заштитени подрачја, вклучување на локално население во заштита, истражување, едукација и мониторинг на балканскиот рис во југозападен Балкан.

Фаза 4: 2016-2018

Од први август 2016 година оваа програма влезе во својата четврта фаза на имплементација. За разлика од претходните три фази, активностите во новиот проект беа оформени со помош на Отворените стандарди за зачувување на животната средина.

Активности во фаза 4: Активностите се насочени во шест различни стратегии (компоненти): Прогласување на нови заштитени подрачја, ефективност на веќе постоечките заштитени подрачја, законска регулатива значајна за рисот, едукација на локално население, истражување и мониторинг, одржлив лов и борба против криволов.

Лице за контакт: Диме Меловски: melovskid@mes.org.mk; Александар Стојанов: stojanov@mes.org.mk; Ѓорѓе Иванов: ivanov@mes.org.mk

Проектни Активности

Партнерски состанок за балканскиот рис во Пеќ, Косово

На почетокот на октомври оваа година во Пеќ, Косово, се одржа иницијалниот состанок за започнување на петтата фаза од Програмата за закрепнување на балканскиот рис. На состанокот присуствуваа [...]

Сесија 2019: За два и пол месеци заловивме два нови мажјаци од загрозениот балкански рис во НП „Маврово“

Потребни беа вкупно два и пол месеци за да се заловат двата нови мажјаци од балкански рис во Националниот парк „Маврово“. Сесијата за фаќање рисови за научни цели годинава започна на 23 јануари и [...]

Обележан уште еден рис мажјак во Националниот парк „Маврово“

Во Националниот парк „Маврово“ обележавме уште еден рис со ГПС околувратник за следење на неговото движење. Заедно со вработени во Националниот парк „Маврово“ го обележавме рисот на 27 февруари и [...]

Заловен досега најкрупниот балкански рис во Националниот парк „Маврово“

Уште еден балкански рис беше заловен викендов близу селото Сенце во НП „Маврово“, шести по ред откога започнаа истражувањата со методот на радиотелеметрија и GPS-следење на обележаните единки од [...]

Започна зимската сесија за мониторинг на балканскиот рис

Активностите за мониторинг на балканскиот рис започнаа со поставување на првите замки за заловување на рис во националниот парк „Маврово“. Тимот за зачувување на балканскиот рис заедно со [...]

Промовиран Акцискиот план за зачувување на балканскиот рис во Националниот парк „Маврово“

На 26 декември 2018 година во Националниот парк „Маврово“ промовиран беше Акцискиот план за зачувување на балканскиот рис, со кој се предвидени систематски активности за заштита на балканскиот [...]

Едукативна недела за рисот

Во рамките на Програмата за закрепнување на балканскиот рис тимот на МЕД го започна своето едукативно патување низ Западна Македонија. Едукативната турнеја помина низ селата Вејце и Шипковица на [...]

Одржан прв партнерски состанок во рамки на проектот „Програма за закрепнување на балканскиот рис 4‘‘

Претставници на Програмата за закрепнување на балканскиот рис 4 на 11 март во Призрен, Косово го одржаа првиот партнерски состанок. На оваа средба учествуваа сите партнерски организации од [...]

Обука за ГИС за партнерските организации во БЛРП

Во рамки на Програмата за закрепнување на Балканскиот рис, во периодот 14-16 Декември 2016, беше спроведен интензивен тренинг курс за проектните партнери, за основи на Географските Информациони [...]

Како да го претвориш твојот мобилен телефон во ГПС уред?

Следејќи ја добрата пракса и признавајќи ја важноста на мониторинг мрежата, тимот кој работи на балканскиот рис во МЕД одлучи да организира уште една тренинг работилница со членовите на мрежата. [...]

страна 1 од 4

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате