Во рамките на програмата за зајакнување на капацитетите на Македонското еколошко друштво, како дел од активностите на МЕД за поддршка на научно-истражувачка работа на студенти и ученици од Македонија во областа на екологијата и заштитата на животната средина спроведовме повик за доделување на грантови на млади еколози.
Овие грантови се однесуваа на истражувачки проекти со следните цели:
• Поддршка и мотивирање на работата на млади еколози,
• Подигнување на јавната свест,
• Промовирање на екологијата како наука,
• Ширење на еколошките знаења и унапредување на еколошкото образование,
• Подобрување на заштитата на животната средина,
• Проучување и заштита на биодиверзитетот и природата.

Одобрените проекти за 2020 година се 11 на број и сите, со исклучок на еден, се занимаваат со проучување на биодиверзитетот. Апликантите беа на возраст до 26 години, а особено не радува што поголемиот дел од проектите имаат еколошко едукативна компонента и дополнително ќе придонесат кон заштита на животната средина.

Наслови на одобрените проекти:
1. Разновидност и дистрибуција на краткокрилците (Coleoptera: Staphylinidae) на Шар Планина (“Catena mundi“)
2. Екосистемско истражување на шумските тресетишта во срцето на Шар Планина: врски помеѓу биомасата, флористичкиот состав, трансформациите на азот во почвата и почвените микроорганизми
3. ВАлоризација на ДИјатомејскиот состав во ВОдните станишта во ДемирхисАрскиот регион (ВАДИВОДА)
4. ДИјатомеи во ВАлоризација на водни и влажни станишта на Кожуф (ДИВАК)
5. Диверзитет и дистрибуција на сапроксилната тврдокрилна фауна на планината Јабланица и течението на реките Црн Дрим и Радика
6. Дистрибуција и екологија на црната вдовица (Latrodectus tredecimguttatus) во Македонија
7. Дистрибуција и бројност на модровраната (Coracias garrulus) во рамничарскиот дел од Скопската Котлина
8. Распространување и конзервациски статус на реликтниот папрат Ophioglossum vulgatum на планината Кожуф
9. Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус
10. Воспоставување методи за одредување и мониторинг на испарливи органски соединенија во воздух во подрачјето на град Скопје
11. Проценка на видовиот состав на инвертебратната терестрична фауна во агроекосистеми во делови од Пелагонија, пропратена со хистопатолошка анализа на претставници од Lumbricus

Оваа програма е финансирана од страна на Sigrid Rausing Trust

Лице за контакт: Драган Арсовски arsovski@mes.org.mk

Новости од проектите:

ВОСПОСТАВУВАЊЕ МЕТОДИ ЗА ОДРЕДУВАЊЕ И МОНИТОРИНГ НА ИСПАРЛИВИ ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА ВО ВОЗДУХ ВО ПОДРАЧЈЕТО НА ГРАД СКОПЈЕ – Ивона Софрониевска

Загадувањето на воздухот е глобален проблем со кој се соочуваме и во Македонија и тоа особено во зимскиот период кога станува екстремно. Како да се бориме со овој проблем? За борбата да биде [...]

ВАлоризација на ДИјатомејскиот состав во ВОдните станишта во ДемирхисАрскиот регион (ВАДИВОДА) – Христина Наумовска

Научно-истражувачката работа сама по себе носи возбудливи и интересни аспекти, како од теренските активности така и од лабораторискиот дел. Теренските истражувања на Демирихисарскиот регион [...]

Распространување и конзервациски статус на реликтниот папрат Ophioglossum vulgatum на планината Кожуф – Ана Варелова

Со започнувањето на овој проект, се обезбедија податоци за видот и за подрачјето од интерес и се испланираа теренските истражувања такашто беа испочитувани ограничувањата од Владата на РСМ. Со [...]

ДИјатомеи во ВАлоризација на водни и влажни станишта на Кожуф (ДИВАК) – Анастасија Видеска

Реализирањето на планираните активности во овие неколку месеци беше успешно и според предходно изготвената временска рамка. Досега беа реализирани три еднодневни теренски активности. Како [...]

Хабитати во Маркови Кули – Сара Цветаноска

,,Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус” Споменикот на природата Маркови Кули се наоѓа во централниот дел на [...]

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате