На 10 и 11 декември во Вевчани се одржа состанок на жирито одговорно за селекција на проекти за едукација на локалното население и подигнување на јавната свест заправилно користење на природните ресурси на планината Јабланица, коишто треба да се спроведат во текот на 2015-та година.

Жирито беше составено од претставници на МЕД, Фондацијата ЕуроНатур од Германија, Здружението за заштита и животната средина на Албанија ППНЕА, како и претставник од Постојаната работна група за регионален рурален развој СВГ. Од вкупно 12 предлог проекти жирито ги одбра следните проекти:

–  „Формирање на мрежа на еколошки здруженија во општина Струга и општина Вевчани“ -Енхалон, Струга;
–  „Зајакнување на капацитетите на Општина Вевчани за организирана, системска и усогласена заштита на природните вредности на планината Јабланица“ – Општина Вевчани;
–  „Младите во движење“ – Планинарско еколошко друштво – Закамен, Струга;
–  „Планината Јабланица извор на природни ресурси“ – ПЗУ Аптека Лекофарм;
–  „За посреќно детство да ја чуваме нашата планина Јабланица“ – Здружение Клуб Сороптимист, Струга.

Македонско еколошко друштво заедно со останатите членови на жири комисијата им честита на сите организациии и им посакува успешно спроведување на проектите.

Инаку, проектот “Програма за закрепнување на балканскиот рис”, Македонското еколошкодруштво заеднички го спроведува со ППНЕА-Албанија, КОРА-Швајцарија и ЕуроНатур-Германија, со финансиска подршка од фондацијата МАВА-Швајцарија. Проектот започна во 2006 година и се спроведува во неколку фази. Главна цел на проектот е зачувување на автохтоната популација на балкански рис во Македонија и Албанија.

Во рамките на проектот, планината Јабланица со своите природни вредности е идентификувана како значајно прекугранично подрачје за заштита и е дел од Балканскиот зелен појас. Притоа, активно се работи на валоризација на природните вредности на планината, промовирање на одржливо искористување на природните ресурси и директно вклучување на локалното население во заштитата преку спроведување на Програми за мали грантови. Во рамки на овој проект ќе бидат финансирани и неколку мали проекти за планинскиот масив Јабланица-Шебеник во Албанија.

Start typing and press Enter to search