На почетокот на октомври оваа година во Пеќ, Косово, се одржа иницијалниот состанок за започнување на петтата фаза од Програмата за закрепнување на балканскиот рис. На состанокот присуствуваа партнери од МЕД, ППНЕА, Албанија, КОРА, Швајцарија, Еуронатур, Германија и домаќините од невладината ЕРА. Партнерите дискутираа за тоа што е направено во последните три месеци и каде треба да се обрати повеќе внимание за да се завршат планираните активности. МЕД во оваа фаза од проектот ќе продолжи со едукација на децата од основните школи во мавровско и околината, како и со работа со пилот-ловиштата од Западна Македонија.

 

 

 

 

 

Останатите стратегии се однесуваат на истражување и мониторинг на популацијата на балканскиот рис, прогласување на Суви Дол за заштитено подрачје, имплементација на Конзервацискиот акционен план во НП „Маврово“ и работа на подобрување на легислативата во Македонија која се однесува на заштита на природа и на ловството.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате