Во организација на Чешкото орнитолошко друштво (www.birdlife.cz), Кралското друштво за заштита на птиците (www.rspb.org.uk) и BirdLife International (www.birdlige.org)  во периодот од 6-10 февруари 2012 беа организрани два настани кои ги обединија орнитолозите од Европа во Микулов, Јужна Моравија, Чешка. Претставници од Македонското еколошко друштво беа присутни и на двата настани. Од 6-8 феруари 2012 се одржа работилница на паневропската шема за мониторинг на обичните видови птици со цел преглед на активностите  на шемата за последните 10 години од нејзиното основање и установување на идните активности на организациите-членки на оваа шема. Особен акцент беше ставен на потребата од воспоставување одржливи мониторинг програми во сите земји во Европа и ревизија на листата видови птици кои се користат како индикатори за состојбата на животната средина.

Вториот состанок се одржа од 9-10 февруари, првенствено наменет за подготовка на публикацијата Птиците во Европа 3. Дополнително, намерата на BirdLife International е да ги искористи податоците за состојбата на популациите на птиците кои се среќаваат во Европа при подготовка на Атласот на птиците гнездилки на Европа, при подготовка на Црвената листа на загрозени видови птици на Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN), вклучувајќи го и новиот формат за известување според ревидираниот член 12 од Директивата за птици.

Start typing and press Enter to search