Тројцата министри за животна средина од Албанија, Косово и Македонија, заедно со австрискиот амбсадор и заменик германскиот амбасадор на Македонија ја потпишаа Заедничката визија за предложеното прекугранично заштитено подрачје „Шар Планина – Кораб“. Визијата беше дел од проектот кој МЕД го спроведува заедно со уште две невладини организации од Албанија и Косово под раководство на Еуронатур од Германија. Потпишувањето на Визијата од страна на министрите се случи во рамките на трилатералниот министерски состанок што се одржа на 7 ноември на Попова Шапка. Дополнително, сите останати учесници на состанокот исто така ја потпишаа визијата.

Состанокот, како и чинот на потпишување на Визијата е ветувачки чекор кон продолжување на прекуграничната соработка со цел да се заштити регионот Шар Планина-Кораб-Дешат.

Визијата беше изработена од страна на засегнати чинители од трите земји – невладини организации, институции, општини и управни тела на заштитените подрачја.

Start typing and press Enter to search