Од 23-24 јануари во Гевгелија, вкупно 25 претатсвници на различни нивоа на структурите на МЕД учествуваа во развој најновиот Стратешки план на МЕД, планиран да се спроведува  пет години и тоа од годинава па се до 2024 година.

Работилницата ја водеа модераторите од BirdLife International, Ленке Балинт, раководител на одделот за партнерства, развој и заедници, и Марија Јурчевич, помошник за развој на балканското партнерство на BirdLife International. Учесниците дадоа свој придонес кон развивање на новата структура на новиот Стратетшки план, како и придонес кон проширување на обемот на работата на Друштвото.

Тие ја дефинираа основната структура и планираните активности за новиот Стратешки план, и истовремено презентираа нови потенцијални насоки за делување во сопствените подрачја на работа.

Инаку прва фаза од подготовката на новиот Стратешки план за МЕД за периодот 2020-2024 беше процесот на самооценка на организацијата,  кој се случи во Велес, од 11-12 декември 2019 година.

Целта на самооценката беше презентирање на видувањата и мислењата на претставници на различни структури на МЕД кон тоа како организацијата се подобрила во последниот период и како може да се подобри повеќе во иднина. Темите за самооценката вклучуваа од зачувување и заштита на видови, преку заштита и управување на заштитени подрачја до организациски развој и организациска култура.

Стратешкиот план ќе биде презентиран пред членовите на Собранието на МЕД во март, кога се очекува да биде и официјално усвоен.

Start typing and press Enter to search