Македонско еколошко друштво со огромно задоволство го објавува повикот за мали грантови за млади еколози во чест на д-р Љупчо Меловски, долгогодишен претседател на МЕД и голем поддржувач на свежата еколошка мисла во Македонија.

Доколку си на возраст до 26 години и имаш желба да водиш истражувачки активности кои ќе придонесат кон подигнување на знаењата за биодиверзитетот и заштитата на животната средина во Македонија те повикуваме да аплицираш на овој повик за мали грантови најдоцна до 01.03.2020 година.

Поддржете ја еколошката наука во Македонија и споделете!
Нетрпеливо ги чекаме вашите апликации.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате