Потребен материјал: листови хартија, молив и боички, ножици, селотејп и течен лепак

Цел: Децата да соработуваат и илустрираат природен микро-свет

Децата цртаат лисја, гранки, инсекти итн. и потоа ги спојуваат своите цртежи за да формираат едно големо растение со сите животинки што живеат на него.

 Вовед: Исто како и зградите, и растенијата имаат многу катови (почнувајќи од подрумот-корените па се до покривот-цвеќињата) и станови (лисја и гранчиња). На секој спрат, зградата има ѕидови и подови, додека растението има стебла и лисја. Секој кат и стан е населен од неговите станари, луѓето живеат во зградите, а животните на растението. Секое животно си има свое омилено катче: глувчињата се населуваат кај корените, верверичките на гранките, скакулците и гасениците на лисјата, пеперутките и пчелите на цвеќињата…

  Упатство:

  • Децата цртаат гранки, лисја, цвеќиња, стебло и инсекти. Потоа, тие ги лепат заедно своите цртежи за да направат едно големо растение. Кога растението е спремно, ги сечат малите животинки и ги лепат на растението.

  Дискусија:

  • Може ли да ги разликувате различните места во микро-светот што го создадовте?
  • Дали животните што ги ставивте погоре на растението се исти со тие на коренот? Дали различни животни преферираат различни средини?

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате