Запознајте ја Вјоса, египетски мршојадец, кај народот познат како кања. Таа веќе започна да лета до нејзиното летно живеалиште во Албанија. Очекуваме дека патешествието долго над 4000 километри ќе го заврши за триесетина денови.

Иако со пократок животен век, Вјоса веројатно има видено повеќе од мнозинството од нас. Од нејзиното зимско живеалиште во Чад, преку пустината Сахара во Судан, долж реката Нил и Суетскиот канал во Египет, низ Јордан, Вјоса моментално лета над пустината во Сирија. Неверојатно е тоа што за некој ден ќе можеме да ја видиме на нашето небо.

Автор: till-niermann

Патот е долг, но таа не е сама. Истиот овој макотрпен пат секоја година го поминуваат сите египетски мршојадци кои гнездат на Балканот, вклучително и тие кај нас. И покрај друштвото, патот воопшто не е лесен, туку е доста опасен. Електрокуција или пак колизија со енергетска инфраструктура, труење, како и криволов, се само дел од заканите со кои се соочуваат кањите во текот на миграцијата. За жал, дел од нив нема да успеат безбедно да го минат патот.

Вјоса е крстена по истоимената река во јужна Албанија во чија долина таа секоја година прави гнездо. Нејзиниот партнер пак, независно од неа, исто така ќе се врати за гнездечката сезона со цел повторно да одгледаат ново легло млади.

Ова е само една од многуте египетски мршојадци кои ги следиме со помош на GPS-уреди во рамки на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“. Сите птици со вакви уреди можете и вие да ги следите на http://www.lifeneophron.eu/#transmitters.

Сепак, кањите не се сами. Тимот на проектот „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ каде што

Автор: superjew

Македонското еколошко друштво е партнер, го сочинуваат 7 организации од Македонија, Албанија, Бугарија и Грција. Годинава со нетрпение го очекуваме пристигнувањето на кањите, а и посветено ќе се залагаме да имаат безбеден престој на Балканот и успешно да одгледаат што повеќе млади пред нивното повторно заминување кон Африка.

Египетскиот мршојадец е глобално загрозен вид, а нивниот број речиси секаде е во константен пад. За жал преостанати се само уште 13 пара од овој вид кои гнездат на нашата територија. Македонското еколошко друштво активно се вклучува во напорите за заштита на овој вид од исчезнување во нашата држава.

Сите информации околу активностите кои се спроведуваат за заштита на египетскиот мршојадец на Балканот можете да ги добиете на www.lifeneophron.eu или на @The Return of the Neophron, проектот е поддржан од Life програмата на ЕУ – LIFE16 NAT/BG/000874.

Start typing and press Enter to search