Следејќи ја добрата пракса и признавајќи ја важноста на мониторинг мрежата, тимот кој работи на балканскиот рис во МЕД одлучи да организира уште една тренинг работилница со членовите на мрежата. Темата на овој собир беше ORUXMAPS – бесплатна апликација за телефоните кои користат Андроиден оперативен систем која е лесна за работење и применлива за секојдневните активности. Со употребата на оваа апликација во голема мера се зголемува прецизноста и систематичноста на добиените податоци кои можат да бидат во форма на видувања на рис, негови траги, плен како и другите крупни месојадни животни кои живеат во околината.

На работилницата се собраа 20 членови на мониторинг мрежата и тоа главно ловџии, шумари, ветеринари, ловочувари и се одржа во Тетово на 7 октомври 2016 година. Откако беше претставен, софтверот беше инсталиран на мобилните на секој учесник заедно со картичка на која беа снимени топографски карти за подобра ориентација. По воведниот дел, апликацијата беше тестирана на отворено каде учесниците имаа прилика да ја искусат нејзината функционалност.  Во вториот работен дел, на учесниците им беше претставена четвртата фаза од Програмата за закрепнување на балканскиот рис и нивната улога во идните активности.

Start typing and press Enter to search