Времетраење: 2018-2022

Финансиер: Фондација МАВА

Координатор на проектот: Фондација Еуронатур, Германија

Соработници: Асоцијација БИОМ (Birdlife Хрватска), Друштво за заштита и проучување на птиците на Србија (ДЗППС, Birdlife Србија), Наше птице (Босна и Херцеговина), Албанско орнитолошко друштво (Албанија), Друштво за заштита на природната средина во Албанија (Албанија).

Цел на програмата: Мониторинг на случаи за електрокуција и колизија на птици со среднонапонска далекуводна линии во атар на општина Чешиново-Облешево и поширокиот регион на Овче Поле, соработка со клучни чинители (општина Чешиново-Облешево, Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за економија и ЕВН Македонија) за изолирање на опасни далекуводни линии во регионот, поставување на платформи за штркови со цел минимизирање на негативно влијание на далекуводна линија, и организирање на студиски посети за клучни чинители со цел размена на искуства и добри пракси.

Лице за контакт: Данка Узунова, uzunova@mes.org.mk

Новости од МЕД

Близу Велес, пронајден усмртен царски орел од струен удар

Во неделата (15 декември 2019 година) нашите соработници од Фондот за дива флора и фауна (ФДФФ) од Бугарија пронајдоа усмртен царски орел од струен удар, на потегот на селата Иванковци – [...]

Ги славиме птиците!

Октомври го одбележаа неколку настани за одбележување на значајни денови за птици. Првата недела од месецот беше резервирана за одбележување на Европските денови за набљудување птици – одбележан [...]

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате