Времетраење: 2013–2015 г.

Финансиер: Европска Унија, Прекугранична програма на ИПА за Македонија и Албанија 2007-2013

Партнери: ППНЕА од Албанија и Еуронатур од Германија

Цел на проектот: Да се придонесе кон промоција на позитивните практики за одржливо користење на природните ресурси во пет општини долж планинскиот масив Јабланица-Шебеник, како и да се подигне свеста на локалното население за одржливото користење на природните ресурси преку употреба на методи кои не и штетат на природата. Бидејќи станува збор за едукативен проект кој предвидува обука на локалното население преку работилници, прекугранични екскурзии и други форми на едукација се очекува крајниот резултат да биде поуспешно менаџирање на животната средина во прекугранично заштитено подрачје Јабланица-Шебеник.

Лице за контакт: Фросина Пандурска-Драмиќанин pandurska@mes.org.mk

Проектни активности

Прекуграничен саем за добри практики – завршен настан на ИПА проектот за планинскиот масив Јабланица-Шебеник

Со саем на еколошки производи од пограничните општини во Македонија и Албанија, традиционална музика, видео презентации и традиционална храна беше заокружен прекуграничниот ИПА проект [...]

МЕД го претстави проектот за планинскиот масив Јабланица-Шебеник на ИПА саем во Тирана

МЕД учествуваше на саем на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Албанија којшто се одржа на 23 септември во Тирана. Македонското еколошко друштво ги претстави промотивните [...]

30-ина студенти беа гости во НП Јабланица-Шебеник, Албанија – Летен студентски камп во Фуш Студен, Албанија

30-тина студенти од Македонија и од Албанија од 24-30 август 2014 година во Фуш Студен, Албанија учествуваа на летен студентски камп организиран во рамки на ИПА прекуграничниот проект [...]

Повик за еколошки летен тренинг камп

Еколошки камп за студенти од 24-30 август 2014г. во НП Јабланица-Шебеник во Албанија Македонско еколошко друштво во рамки на проектот „Подобрување на прекуграничната соработка и развој на [...]

Поддршка од локалните власти на Струга и Вевчани за идно прекугранично заштитено подрачје Јабланица-Шебеник

Градоначалниците на Струга и Вевчани, како и на општините од Албанија, Либражд, Стеблева, Луник и Рајца ја поддржуваат иницијативата планинскиот масив Јабланица – Шебеник  да се прогласи за [...]

Едукативен пикник – „Да се запознаеме со природните вредности на Јабланица“

Македонското еколошко друштво заедно со Локалната агенција за развој на Струга на четврти jуни 2014 година организираше едукативен пикник за најмладите од Општина Струга и Општина Вевчани под [...]

Јабланица има што да им понуди на идните туристи, но регионот треба да работи многу за да се развива екотуризмот а ресурсите да се користат на одржлив начин

Јабланица има огромен потенцијал за развој на екотуризмот, но за да се случи тоа потребна е поголема едукација на локалното население, поголема активност на локалните власти и секако подобрување [...]

Локалното население од Струга и Вевчани бара соодветна заштита на природните ресурси на Јабланица

Учесниците на правата тематска работилница „Традиционално користење на природните ресурси, одржливо наспроти неодржливо користење на ресурсите“ којашто на 1-ви Февруари во организација на МЕД се [...]

Јабланица заслужува да биде заштитено прекугранично подрачје

Одржани два форуми со целни групи од Струга и Вевчани по повод отпочнување на проектот за разумно користење на природни ресурси и заштита на планинскиот масив Јабланица – Шебеник Да се престане [...]

Нов проект за заштита на прекуграничниот планински масив Јабланица-Шебеник

Македонското еколошко друштво продолжува со своите активности долж планината Јабланица. Од септември годинава започна со реализација проектот „Подобрување на прекуграничната заштита и развој на [...]

Start typing and press Enter to search