Времетраење: 2007–2009 г.

Финансиер: Фондација МАВА

Партнери: PlantLife International

Цел на проектот: Програмата за Значајни растителни подрачја (ЗРП) беше имплементирана во државите од Југоисточна Европа, а националниот партнер од Македонија беше Македонското еколошко друштво. Проектот беше реализиран во две фази:

–  Идентификација на значајните растителни подрачја во Македонија и собирање на теренски информации за нивните ботанички карактеристики, статус на заштита, управување, употреба на земјиште и поголеми закани кои им влијаат.
–  Демонстрација на активностите за заштита на значајните растителни подрачја преку имплементација на пилот-проектот.

Резултати: во Македонија беа идентификувани 42 значајни растителни подрачја кои сочинуваат 18% од вкупната територија на државата. Само 13 од нив се заштитени на национално ниво. Шар Планина беше избрана како пилот-локација, стремејќи се кон едукација на планинарите и други посетители кои се занимаваат со рекреација за вредностите на флората и фауната од овој регион. Изработена е национално издание под наслов „Идентификација и заштита на ЗРП во Македонија“, во кое е даден краток осврт на состојбата, статусот на заштита, како и присутни закани во идентификуваните 42 ЗРП.

Новости од МЕД

Балканска конференција за зелен појас

Македонското еколошко друштво и германската невладина организација Еуронатур од 6ти до 8ми јуни беа домаќини на Балканската конференција за зелен појас, која се одржа во хотел Сириус во Струмица. [...]

Иницијален состанок за изработка на акциски план за борба против труење на диви животни

Македонското еколошко друштво во соработка со Фондацијата за заштита на мршојадците (VCF) на 17 мај во Скопје организира меѓународна работилница за отпочнување на изработка на акциски план за [...]

Од
Постирано на

Пет години Преспа Нет!

На 29 март 2018 година, Македонското еколошко друштво, Друштвото за заштита на Преспа од Грција и Друштвото за заштита и зачувување на природата во Албанија ја прославија петтгодишнината од денот [...]

Од
Постирано на

Нашето ново руво!

По повеќе од 45 години постоење и делување во полето на заштитата на природата и промовирање на екологијата како наука решивме дека е време да го освежиме логото и да ја модернизираме нашата веб [...]

Едукативна недела за рисот

Во рамките на Програмата за закрепнување на балканскиот рис тимот на МЕД го започна своето едукативно патување низ Западна Македонија. Едукативната турнеја помина низ селата Вејце и Шипковица на [...]

Од
Постирано на

Завршено зимското пребројување птици во Македонија за 2018 година

Веќе деветта година по ред, во викендот на 13 и 14 јануари 2018 г., вработени и волонтери од МЕД спроведоа броење на птици на трите природни езера во Македонија, вклучувајќи ги околните [...]

Ден на зелениот појас

Македонско еколошко друштво, во соработка со Фондацијата Еуронатур од Германија втора година по ред го одбележува „Денот на зелениот појас“ којшто оваа година ќе се одржи на 24-ти септември [...]

Резултати од фото конкурсот за Балканскиот зелен појас 2017

Различноста на зелениот појас низ очите на фотографите, ова се овогодинешните победнички фотографии на фото конкурсот за Балканскиот зелен појас . Наградата за прво место од категоријата [...]

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате