,,Утврдување на хабитати според директивата на живеалишта во СП ,,Маркови Кули” и проценка на конзерваторскиот статус”

Споменикот на природата Маркови Кули се наоѓа во централниот дел на територијата на Република Македонија, северно од градот Прилеп. Во последно време е доста актуелен и во јавноста и кај научната фела, поради тоа што се подготвува досие за негова номинација во постојаната листа на светско наследство при УНЕСКО. Овој Споменик на природата е дел од Значајното растително подрачје „Прилеп“, заради присуството на 12 растителни видови од национално и меѓународно значење. СП ,,Маркови Кули” претставува посебен раритет и единствен таков локалитет на Балканскиот Полуостров, па и пошироко. Но и покрај тоа што е значајно флорно-вегетациско подрачје се уште е недоволно истражувано од флористички и вегетациски аспект. Овој проект предвидува активности преку кои ќе се овозможи утврдување на хабитатите, преку правење на вегетациски снимки, со кои ќе се одредат фитоценозите. Исто така по дефинирање на хабитатите ќе се направи проценка на козервацискиот статус што на крај ќе резултира со давање на предлог мерки за заштита на живеалиштата, растителните заедници и ретките и ендемични видови кои се наоѓаат на територијата на овој локалитет. Живееме во тешко време, во кое сме ограничени да го спроведуваме нашето секојдневие. Но и покрај ваквите предизвици со кои се соочуваме, со огромен ентузијазам, успеаваме да ги реализираме предвидените активности. Љубовта кон природата и растенијата и огромната желба за нивна заштита е водилка на овој тим. Теренските истражувања ни овозможуваат да побегнеме од секојдневието и ни даваат можност длабоко да уживаме во благодетите на природата.

Start typing and press Enter to search