Октомври го одбележаа неколку настани за одбележување на значајни денови за птици. Првата недела од месецот беше резервирана за одбележување на Европските денови за набљудување птици – одбележан со неколку тури за набљудување на птици со учениците од ОУ Гоце Делчев од Ресен и во Градскиот парк во Скопје. Оваа година прославивме 25 години од одбележувањето на овие денови, кои се попопуларна платформа за популаризација на набљудувањето на птици низ Европа.

Во втората недела организиравме неколку тури за набљудување на птици со учениците од ОУ Владо Кантарџиев од Гевгелија и пак во Градскиот парк во Скопје, со цел одбележување на Светските денови на птиците преселници. Преку овие тури ги запознавме учесниците за принципите на набљудување на птици, но дискутиравме и за предностите и предизвиците на годишната преселба на птиците.

На овие настани учествуваа околу 60тина учесници кои работеа директно со птичарскиот тим на МЕД. Овие тури се дел од напорите на МЕД да го приближи долгогодишниот, светски тренд за набљудување на птици во природа до учениците и пошироката јавност.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате