Правила за натпреварот – Мојата пролет

1.    Натпреварот е во организација на BirdLife International.

2.   Учесниците во натпреварот треба да се помлади од 16 години и мора да го пријават првото видување на некоја птица на www.springalive.net.

3.   Учесниците треба да ја прикажат пролетта како што ја гледаат децата.

4.    Траење и последен датум: Цртежите треба да се предадат најдоцна до 21.06.2011.  

5.    Учество:

Учесниците треба да испратат е-маил на karolina.kalinowska@otop.org.pl со наслов “My Spring” со следниов текст: : “I would like to participate in the Spring Alive drawing contest. Please find attached my drawing. I confirm that it is all my own work. I am ….. years old”. Покрај годините треба да се додадат и личните податоци на учесникот: име, презиме, адреса и телeфон.

6.    Учесникот може да приложи само еден цртеж.

7.    Со приложувањето на цртежот учесниците се согласуваат нивните податоци да бидат употребени од страна на BirdLife International по потреба за целите на натпреварот.

8.   Во натпреварот неможат да учествуваат вработени во организацијата која ја координира кампањата Пролетта Доаѓа! и нивните семејства. 

9.    Оценување:

  • ·       Caroline Pridham  – Менаџер за развој на програми во Bird Life International, Претставник на Mistusbishi Corporate Fund for Europe and Africa
  • ·          Lars Lachmann – Државен програм менаџер на RSPB
  • ·          Karolina Kalinowska – Интернационален координатор за Пролетта Доаѓа

Одлуката на оценувачите ќе биде конечна и нема да постои можност за приговор или кореспонденција во врска со оценувањето или одлуките на оценувачите.

10.  Награди:

1 место: Swarovski двоглед 8×20 B

2 место: Canon фото апарат Ixus 107

3 мести: Canon фото апарат PowerShot A495

11.  Резултати:

Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени на www.springalive.net на 15 јули 2011 година.

Победниците ќе добијат и одделен е-маил кој ќе ги извести за наградата.

12.    Заштита на права:

  Со учествувањето во натпреварот се согласувате дека BirdLifeInternational и неговите национални партнери имаат право да ги издаваат вашите дела приложени за натпреварот во секаков формат.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате