Нова студија која се фокусира на етнографските аспекти на египетскиот мршојадец во сите држави над кои поминува неговата миграторна рута беше имплементирана во рамките на нашиот проект „Нова надеж за египетскиот мршојадец“ (LIFE16 NAT/BG/000874).

Истражувањето беше направено во области од Балканот во кои има гнезда од египетски мршојадци (Македонија, Албанија, Бугарија и Грција), во области кои се важни како прелетни патишта (Турција, Сирија и Јордан) и областите каде презимува (Нигер и Нигерија). Вкупниот број на испитаници во истражувањето стигна до 348 луѓе од 22 региони во 9 земји. Информациите се собираа со помош на фокус групи и длабински интервјуа каде испитаниците беа поттикнати да споредат фотографии од египетски мршојадци со други птици. Во Нигер беа организирани и анкети на пазарите за да се соберат информации за илегалното убивање на мршојадци за религиозни цели.

Резултатите покажаа дека птиците се ценат многу високо за нивната убавина и за емоциите кои ги поттикнуваат во луѓето е помалку за нивната корисност. Кога луѓето го споредуваа мршојадецот со штрк, орли и гаврани/врани тие секогаш го одбираа мршојадецот и штркот на прво место а потоа орлите и гавраните/враните.

За штрковите најчесто се добиваа карактеристики како безопасен, корисен, убав и препознатлив. Во Африка луѓето ги ценат како знак за почеток на дождливата сезона, додека на Балканот луѓето ги ценат како знак за почетокот на пролетта. Иако луѓето ја ценат улогата на грабливите птици како контрола на рептили, инсекти и глодачи, орлите најчесто се сметаат за опасни грабливи птици и се поврзуваат со напади на стока. Гавраните и враните се поврзуваат со смртта и се сметаат за грди и за лоши знаци.

Во сите земји освен во Јордан луѓето беа свесни дека се намалува бројот на мршојадците и дека египетски мршојадци се особено загрозени или сосема исчезнати. Ловот (понекогаш без никакво објаснување) се смета за главна причина за намалувањето на мршојадците, а потоа следат отровните мамки, намалувањето на стока која слободно се движи и промени во начинот на кој се отстрануваат мртви животни. Загубата на хабитати, деградацијата на земјата и опустинувањето, климатските промени или природните катастрофи, пестицидите, загадувањето, нарушувањето на гнезда, непознавањето на видот, човечка неодговорност и на крај електрокуцијата се спомнати како дополнителни причини. Најчест одговор во Африка беше дека бројот на мршојадци се намалува зашто нивни органи се користат за религиозни цели, иако побарувачката на египетски мршојадци е прилично ретка. На Балканот беа спомнати проблеми долж патот за миграција и во презимувалиштата иако некои од учесниците не знаеја кои би биле проблемите со кои се соочуваат таму.     

Во споредба со другите земји познавањето на видот се чини дека е најмало во Јордан и Албанија.

Поврзаноста со смртта, задгробниот живот и натприродното е од клучно значење за да се разбере местото на мршојадците во културата и нивното место помеѓу два света како ни нивната улога во религиозни обреди во Африка. Во споредба со другите видови на мршојадци, египетскиот е перципиран како харизматичен вид. Белото перје го одвојува од другите мршојадци кои се сметаат за грди а на Балканот има дури и улога и во локалниот фолклор.

Овие факти комбинирани со неговиот неповолен конзервациски статус можат да се користат понатаму како основа за зачувување на видот. Податоците кои беа собрани придонесуваат и кон други активности од проектот – како на пример осознавање на ставовите и познавањата на клучни чинители.

Етнографската студија може да ја најдете тука.

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате