Енергетската инфраструктура во Македонија и сите стратешки документи поврзани со енергетика никогаш не ја вклучиле компонентата на дивиот свет (особено птиците) при дефинирање на одржливи енергетски пракси и инфраструктура.

Тренингот за изработка на карта на сензитивност на птици и енергетска инфраструктура ја има токму таа цел – да ги собере сите релевантни чинители од енергетскиот сектори и секторот за заштита на природата (особено птиците) во Македонија и да даде преглед на енергетската инфраструктура и популациите на птиците истовремено. Во оваа прва фаза од тренингот, од клучно значење беше сите чинители да се соберат и дискутираа за можните конфликти помеѓу енергетската инфраструктура (постоечка и планирана)и птиците кои се склони на интеракција со таа инфраструктура (претежно птици со лебдечки лет, голем распон ан крила и ограниќена маневрабилност).

Во оваа фаза, сите ќнители ги разгледаа доставените документи и се согласија дека создавањето на ваква карта ќе биде од голема полза при дефинирање на стратешки и развојни документи и политики за енергетскиот сектор и при дефинирање на шемите на мониторинг на целните видови птици од страна на организациите еза зачувување на птиците.

Тренингот беше организиран во склоп на проектот “Развој на капацитетите за зачувување на прелетните патишта за птици долж Медитеранот – втора фаза”, подржана од BirdLife International и фондацијата MAVA.

Дел од учесниците на тренингот

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате