Македонското еколошко друштво продолжи со обуки по завршениот проект „Природата овозможува подобар живот“ што го спроведуваше во соработка со пет еколошки невладини организации од Европа, а кој беше финансиран од програмата Еразмус+ на Европската Унија. На 23 март МЕД во соработка ЈОУГД „Мајски Цвет“ од Скопје спроведе еднодневна работилницa наменета за воспитувачите од ЈОУГД „Детска Радост“ од Гевгелија.Целта на обуката беше запознавање со едукативниот пакет за природа и птици којшто наставниците ќе можат да го користат во своите едукативни програми како и спроведување на дел од активностите во пакетот во пракса, преку посета на локалитетот Динќут.

Едукативниот пакет ги охрабрува едукаторите кои работат со деца од најрана возраст во рурални или помали градски средини да поминуваат повеќе време во природа и да ја изучуваат одблиску преку интерактивни игри поврзани со птиците.

Едукативниот пакет е достапен на македонски јазик за сите наставници и воспитувачи на следниот линк на веб страната на МЕД a, инструкции има на на YouTube каналот на друштвото.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате