Oд осми до 13ти јули, МЕД во ко-организација со Истражувачкото друштво на студенти биолози и ПреспаНет донесе студенти-волонтери од трите држави низ кои се простира преспанскиот басен, со една цел да се спроведат биолошки и еколошки истражувања во регионот, еколошка едукација и подигнување на јавната свест на прекугранично ниво.

За време на интензивните теренски активности истраживме кои живи организми ја населуваат планината и каде, успеавме да го пренесеме ова знаење на повеќе од триесет членови и волонтери од кои 10 учесници беа од Албанија и Грција, и забележавме што е ново за националниот парк и што можеби веќе исчезнало. Овие податоци имаа едукативна и научна цел.

 

 

 

 

 

Сличен камп во 2020 во рамки на проектот за заштита на преспанскиот регион ќе се организира во Грција а домаќини на тој истражувачки камп ќе бидат колегите од здружението за заштита на Преспа од Грција.

 

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате