Во рамките на проектот „Развој на капацитети за заштита на преселните патишта на птиците во Медитеранот “, организираше две еднодневни работилници на тема „Птиците и одржливите земјоделски пракси – преглед na домашни и странски искуства“ во два од најзначајните земјоделски региони во Македонија – Овче Поле и Пелагонија

Целта на овие работилници беше поставување на добра платформа за размена на искуства меѓу сите заинтересирани владини институции, локални организации и агенции за рурален развој, големите земјоделски комбинати од двата региони, како и индивидуалните земјоделци за значењето на одржливите земјоделски пракси при заштитата на птици.

Во секторот земјоделство, Европската унија ги воведува агро-еколошките мерки и дефинирањето на земјоделските подрачја со висока природна вредност како начин да го унапредува земјоделството кон квалитетно и економски исплатливо производство, кое истовремено ќе ја поддржува и промовира заштитата на биолошката разновидност. Македонија како земја која претендира кон членство во ЕУ има обврска да се подготвува кон примена на овие мерки.

Конкретните предавања беа насочени кон содејството на одржливите земјоделски пракси и заштитата на птиците, кон што свој придонес дадоа предавачите од Бугарското друштво за заштита на птиците (БДЗП, BirdLife Бугарија) и од Асоцијацијата БИОМ од Хрватска.

Презентациите од предавањата превземете ги овде и овде.

Start typing and press Enter to search