На 12 јуни, Македонско еколошко друштво во соработка со платформата „Пријателите на Шара“ организираше донаторска конференција на Шар Планина како иден национален парк. На конференцијата со наслов „Одржливо прекугранично финансирање на проекти за Шар Планина како иден национален парк“ учествуваа околу 50 учесници од регионот и претставници на меѓународни организации кои поддржуваат проекти на Шар Планина во Македонија, Албанија и Косово.

  • Оваа конференција се организира во рамки на проект поддржан од WWF ADRIA што го спроведува платформата Пријатели на Шара. Идејата за организирање на оваа конференција е размена на искуства и информации поврзани со сите актуелни проекти и активности за заштита на природа, туризам и рурален развој во регионот на Шар Планина на прекугранично ниво и да поттикне соработкa и синергии меѓу активните и идните проекти, изјави Фросина Пандурска – Драмиќанин од Македонско еколошко друштво.

Оваа средба беше и добра можност да се најават различни проекти во регионот но и локалното население да ги истакне проблемите со коишто се соочува, како на пример несанирани патишта како последица од поплавите на Шар Планина и да предложи донаторите какви проекти да поддржуваат.

Конференција беше и јубилеј на платформата „Пријатели на Шара“, која што прослави 5 години успешна соработка меѓу МЕД, ИРЗ Тетово, ПК Љуботен и ЦЕД, Теарце. По тој повод беше промовирано и видеото што може да го видите на слениот линк

https://www.youtube.com/watch?v=795nmuJjNZI

 

Start typing and press Enter to search