Серијата предавања насловени како „Дивата страна на Преспа“ продолжија со презентација за растенијата. Канцеларијата на МЕД во Ресен на 4 април повторно беше исполнета со група средношколци од средното училиште „Цар Самоил“. Тематиката за растенијата е всушност дел од една цела компонента на проектот за зачувување на преспанскиот регион што МЕД го спроведува заедно со партнерите од ПреспаНет. Се работи за делот насловен како „Растенија, луѓе, Преспа“, преку кој ќе се потрудиме да ги популаризираме растенијата, особено тие позначајните за овој регион. Предавањето беше воведно и информативно, а средношколците пројавија интерес за да ни се придружат и на идните активности што се однесуваат на мониторинг на клучни видови растенија што се среќаваат во Преспа.

 

 

 

 

 

Ова беше петтото по ред предавање за биолошката разновидност на преспанскиот регион и во периодот од април до јуни МЕД ќе продолжи со предавања во природа.

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате