На Денот на штркот кој секоја година го одбележува Општината Чешиново-Облешево ја посетивме конечно завршената набљудувачница за птици со поглед кон прекрасните оризови полиња. Оваа набљудувачница е уште еден чекор со кој македонското Село на штркови ја потврди својата мисија да ја зачува најгустата популација на штркови. Како дел од нашите честитки за настанот подаривме и два двогледа за набљудување на птици кои се надеваме дека ќе ги користат локалните училишта и останатите посетители на набљудувачницата. Разгледајте ги фотографиите од прекрасната природа и забавата која ни ја приредија учениците:

Start typing and press Enter to search