Во периодот 4-8 јуни, МЕД и МЕПСО поставија 10 платформи за гнездење за царските орли (Aquila heliaca) во Овче Поле. Платформите се поставени по високонапонските далеководи од 400 kV, на линијата Скопје 4 – Дуброво, поконкретно на потегот Сојаклари – Караслари, кои се наменети да послужат како замена за природните гнезда кои орлите ги градат на високонапонските далеководи. По серија консултативни состаноци помеѓу членовите на тимот од проектот „Процена на заканите за птиците во две значајни подрачја за птици во Македонија“ и вработените во Подружница Операторна преносна мрежа, Сектор Далеководи при АД МЕПСО, заеднички беа дефинирани дизајнот на платформите за гнездење и датумот за поставување на истите.

На првиот ден од поставувањето на платформите за гнездење присуствуваше и заменик генралниот директор на МЕПСО, г-н Крсто Мукоски. Исто така, активноста беше добро покриена од најзначајните национални печатени и електронски медиуми.

 

Почнете да пишувате и стиснете Enter за да пребарате