Преку делување низ пет држави на Балканот, Балканскиот проект за борба против отрови ги соединува државните институции, организациите за заштита на природата, ловечките друштва, сточарите и научниците во амбициозниот проект за справување со најголемата закана за мршојадци, нелегалната употреба на отров.

Мршојадците на Балканот

Црн мршојадец во лет (овој вид повеќе не гнезди во Македонија)

Црн мршојадец во лет (овој вид повеќе не гнезди во Македонија)

Иако некогаш биле честа глетка над балканските држави, популациите на европските видови мршојадци забележаа драстичен пад во текот на 20. век. Ова речиси доведе до регионално истребување на брадестиот мршојадец и намалување на популацијата на црниот мршојадец до само една мала колонија во Грција, која брои 30 пара. На целиот полуостров се преостанати околу 60 пара египетски мршојадци. Белоглавите мршојадци се истребени во Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, а преостанатите 600 пара можат да се најдат само како изолирани популации низ остатокот од регионот. Популации поголеми од 100 пара, пак, можат да се најдат само во Хрватска, Бугарија и Србија.

  Нелегалното труење на Балканот

Во денешно време нелегалното труење претставува најголемата закана за мршојадците на Балканот, и тоа е причина за драстичното опаѓање и регионално истребување на мршојадци на кое сме сведоци во последниве 30 години. Влијае на дивите популации кои се преостанати на Балканот и на обидите за зачувување и враќање на популациите низ регионот. Труењето е согледано и како најголемата закана за мршојадците во светот во рамки на Акцискиот план за заштита на мршојадците, кој претставува глобален план за заштита на 15 вида мршојадци, изработен во соработка со Фондацијата за заштита на мршојадците.

Белоглав мршојадец жртва на труење во Грција (2018 година)

Белоглав мршојадец жртва на труење во Грција (2018 година)

Употребата на отровни мамки од страна на сточарите претставува брзо и евтино „решение“ за контрола на предатори како волци, шакали, лисици и кучиња скитници заради заштита на добитокот и на ловиштата. И покрај тоа што оваа пракса е противзаконска низ целиот Балкан, таа е сепак распространета и произлегува од слабата имплементација на законите за заштита на природата и лесната достапност на силни отрови на пазарот.

 

 

 

Балкански проект за борба против отрови

Финансиран од фондацијата МАВА, Балканскиот проект за борба против отрови е воден од страна на Фондацијата за заштита на мршојадците и има за цел да обезбеди континуирана вклученост на релевантните државни институции на Балканот во насока на спречување на нелегалното труење на диви животни и зголемување на капацитетите заради преземање чекори за заштита на мршојадците

Start typing and press Enter to search